(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ на протест пред Министерство за здравство

0
18

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протест пред Министерството за здравство со цел да го изразат незадоволството од начинот на кој Владата се справува со ковид-кризата. Протестот се одржа под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче и Заев“, а присутните го демонстрираа тоа со фрлање на балони полни со вода.

Претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, во своето обраќање побара оставки од владините претставници и им забележа на присутните претставнитици на Министерството за внатрешни работи, дека наместо да го обезбедуваат протестот, требало да ги ловат нарко босовите.

„Поздрав за припадниците на МВР, кои наместо да одат и да ловат нарко босови и шверц на дрога ги натерале да бидат тука и да го чуваат Венко. Од што се плашиш Венко? Тука сме четврта сабота за да им порачаме да дадат оставка, а им ја бараме затоа што не им текнува, а ако дадат оставка ќе го немаат хиликоптерот да се провозат, нема да им се затвораат планини за да се возат со моторни санки или да им затвораат автопати за да се возат со скапите мотори. Минатата сабота се обидовме да го измиеме срамот и стигнаа пораки зошто со толку малку балони вода сме го миеле срамот, па велам ако они прават симулација на вакцинирање ние можеме да пробаме симулација на миење на срамот“,

рече Нелоски.
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова го прозва министерот за здравство Венко Филипче упатувајќи му критики дека секторот кој го води лошо го менаџира.

„Вашата неспособност за менаџирање го загрозува здравјето на обичниот граѓанин, па денес во Македонија имаме рекордна смртност од 4 108 луѓе како последица на ковид, според вчерашниот извештај на Економист, Македонија се наоѓа на трето место по смртност во светот. Полоши сме и од Италија во моментов“,

рече Панова.
Ова е четврта сабота по ред за протестите организирани од опозиционерите од ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за здравство.