Видео: Рашковски спроведен во затворот Шутка, 10 дена ќе биде сам во ќелија поради ковид-протоколите

0
17

Драги Рашковски попладнево е спроведен во затворот во Шуто Оризари. Тој се наоѓа во приемното одделение и според протоколите за заштита од Ковид-19 10 дена ќе биде сам во ќелија.

„Примен е Рашковски кај нас, во приемното одделение и ќе остане 10 дена во изолација како и сите новодојдени“, вели Филип Андов, директорот на истражниот затвор „Шутка“ за „ТВ21“.

Ова следува откако Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција ја прифатил жалбата на јавниот обвинител и им определи 30-дневен притвор на лицата Драги Рашковски и Даниел Станчевски, во врска со „истрагата за набавка на софтвер“.

Рашковски и Станчев се двајца од вкупно четворицата осомничени за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци од Генералниот секретаријат на Владата.