ВИДЕО: „Што мислите вие јас слама јадам, не водам кладилница, туку државна институција“, рече Џафери

0
24

Талат Џафери, претседателот на Собранието жестоко му врати на Никола Мицевски на процедуралниот збор.

Мицевски уште еднаш побара да биде прекината 32-рата седница, и да се продолжи 36-тата седница.

„За да ја скратиме оваа работа драмолетка, немате кворум тоа е факт. Слабо ви е мнозинство и тоа е факт, не се сите пратеници тоа е факт. За да скратиме овие драмолетки. Ве молиме, констатирајте дека немате кворум за 32-рата седница, ставете ја седницата 36 да ги изгласаме законите. Џабе тропате, граѓаните ви тропаат, ги чекаат парите, дајте да ги гласаме. Ве молиме еден месец. Ајде закажете ја 36-тата седница“, рече Мицевски.

Талат Џафери жестоко му одговори.

„Јас тука зборувам за процедура, не за желба. Одбивавте да бидете во собранието на два пати. Имаме изолирани пратеници. И 25 март до сега не одржавте комисија за финансирање и буџет, и тука мене ми зборувате дека јас го кочам донесувањето на мерките. Тоа е срамота. Што мислите вие, дека јас јадам слама тука. Не водам кладилница, државна институција водам. Вие поднесовте 2000 амандмани за законот за државјанство. Ако сакам и три часа ќе зборувам, три месеци ме тупите тука. Цел ден ми тупите со медиумите. 101 пратеник се потпишани, влезете да се донесат одлуките и работете“, изјави Џафери.

Тој му кажа дека 20 седници не се завршени поради ВМРО-ДПМНЕ и нивниот однос.

Имаше уште неколку жестоки зборови од страна на Џафери, еве дел од нив: