Голем интерес за вакцинирањето во Струмица

0
18

До деветти овој месец, сите термини за вакцинирање против Ковид-19 на лица постари од 77 години се пополнети, информира директорката на Здравствен дом Струмица, Љубица Митева.

Дополнува дека во текот на вчерашниот ден, кога почна вакцинирањето, од пријавени 60 лица вакцина примиле 42, а претпладнево 25.

– Вакцинирањето поминува без проблеми и без несакани последици веднаш по примањето на вакцината „Астра зенека“. Кадровски и просторно сме целосно опремени и подготвени за спроведување на вакцинацијата, како и целосно почитување на протоколите од Министерството за здравство, рече директорката Митева.

Вакцинирањето во Струмица се одвива во службата за спортска медицина, а Здравствениот дом засега доби 600 вакцини.