ВИДЕО | Николоски: Ако се одржеше пописот само во месец април би имале 50.000 новозаболени од ковид-19

0
17

Во тек е расправата за Законодавно – правната комисија за измените на Законот за попис о на комисијата за почлитички систем. Очекувам двата закони кои што се денеска на Комисија, Законот за одложување на пописот и Законот за измените на изборниот Законик со кој за прв пат се воведува можноста идентификацијата на гласачи на избори да биде со отпечаток од прст да поминат и на комисиите и на пленарната седница која очекувам да се случи попладне и со тоа да отпочнеме два значајни процеси, процесот за одлагање на пописот и за локалните избори во октомври, а се надевам и предвремените парламентарни избори со што нема веќа да има манипукации со гласачите во нивната идентификација, да нема полнење на кутии, бугарски воз итн. односно идентификацијата да оди електронски со отисок од прст.

Прочитајте и… Заев: Ниту еден министер нема примено вакцина, сите чекаат ред согласно планот за масовна вакцинација
-Тоа е еден добар договор кој што очекувам да се реализира денеска во Собранието, вели за УБ пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски.

Дополнително Николоски појасни дека според пресметката во една ваква лоша епидемиолошка состојба во државата само како резултат на пописот доколку се одржеше сега би имало нови педесетина илјади новозаболени и тоа само во месец април што е огромна бројка. Тој рече дека со одуката за одложување на пописот се заштитува здравјето на граѓаните и на целокупното население.

-Во ваква епидемиолошка состојба јас кажав една пресметка потенцијалот само од пописот е да имаме нови дополнителни 50.000 илјади заболени само во тек на месец април. Со оваа одлука тоа условно кажано оневозможува односно се заштитува здравјето на населението и не гледам тука како може да правиме поделба помеѓу граѓаните, потенцираше Николоски.

Прочитајте и… НАТО изрази загриженост за руските активности во близина на украинската граница
Целиот разговор погледнете го видеото: