Деветти парламентарни избори во Албанија, клучни за европската интеграција

0
29

Право на глас, според единствениот избирчки список имаат над 3.588.869 гласачи, од нив за првпат правото на глас имаат 107.024. Се гласа на 5.199 избирачки места во 61 изборна единица.

На изборите учествуваат 16 политички субјекти (два помалку од претходните) и двајца независни кандидати или за 140-те пратенички места во трка се 1.841кандидати, од нив 39,7 отсто жени. Главната битка ќе се одвива меѓу вечните политички опоненти.

Социјалистичката партија на Еди Рама, која е сигурна во обезбедувањето на третиот мандат со две третини од мандатите и Демократската партија на Љуљзим Баша, која е повеќе од сигурна дека ќе го добие првиот мандат, со изборен триумф. Тука е и Движењето за социјалистичка интеграција, на Моника Круемади, сопруга на претседателот Илир Мета, која со ПД имаат потпишано договор за постизборна коалиција.