Демиркапиец ги малтретирал сопругата и малолетното дете

0
23

Вчеравечер во 03.15 часот, полициски службеници од Полициската канцеларија Демир Капија го лишиле од слобода С.П.(33) од Демир Капија, затоа што се однесувал агресивно кон неговиот татко и ги малтретирал сопругата и малолетното дете во домот, информираат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.