Започна градежни активности кон пределот Бањиче, со каскаден систем ќе се спречува ерозијата

0
25

Започнаа градежни активности за заштита од ерозивни процеси кон пределот Бањиче, кои се се почести и ризични особено за пешаците кои го користат ова место за одмор и рекреација

Градежна механизација веќе копа длабока во планината долж патот и пешачката зона кои водат до рекреативното место Бањиче. На најризичните места каде се појавуваат свлечишта ќе се прават каскадни системи кои  ќе ја стабилизираат земјата, односно ќе спречат нејзино лизгање.

Тетовци го поздравуваат ваквиот чекор. Требало на ова место кое е единствената пешачка зона за одмор и рекреација да се интервенира порано.

Требаше најпрвин да го обезбедат местото од лизгање на земјата па потоа да изведуваат активности на патот и да градат пешачка зона, не отпосле. Многу голем ризик, се надеваме дека ваквите активности ќе ги спречат ерозивните процеси, рече еден жител на Тетово

Од Општина Тетово, велат дека се работи за сериозни зафати за кои претходно недостасувале средства. Каскадните системи се само дел од големиот проект за заштита од свлечишта и поголема безбедност за пешаците и возачите.

Новиот пат и пешачката зона се изградија и проширија пробивајќи ја планината со стрмни косини предизвикувајќи големи свлечишта долж целиот коловоз кој води кон Бањиче предел на околу 3 километри од Тетово