Продолжен скијачката сезона на Попова Шапка

0
25

Продолжена скијачката сезона на Попова Шапка. Со новата снежна покривка оформена викендов сигурно е дека ќе има скијање до 11 април.

Деновиве ќе работаат ски лифтовите Поток, Ареодром и ГЕ, а викендов што следува ќе бидат пуштени сите жичници и ски лифтови. Новата снежна покривка како и ниските температури овозможија скијање и во април.

-Оваа скијачка сезона е една од најуспешните, со оглед на фактот дека имаше доста посетители кои уживаат во белината на скијачкиот центар веќе четврти месец. Се воведоа доста новитети, а пуштањето во употреба на новиот шестосед значително ја растерети гужвата и овозможи скијање на нови патеки, истакна Жика Алексоски раковидител на скијачкиот центар Попова Шапка

 Но, проблемите на центарот останаа. Недоволно паркинг места, стара инфраструктура, лоши комунални услуги. Од раководството на центарот, најавуваат проекти за наредната скијачка сезона. И за оваа имале во план реализација на неколку проекти, но корона кризата спречила нивна изведба на терен.