Злоупотреба на полицискиот час во Тетово

0
22

53 лица од полошко не ја почитувале одлуката за ограничено движење која стапи во сила пред еден месец. Има и такви кои ја злоупотребуваат дозволата за движење. Од СВР Тетово велат секој кој го прекршува полицискиот час е казнет според законот.

Тишината за време на полицискиот час нарушена со голема бучава од чкрипење на гуми и користење на рачна сопирачка, на една од главните крстосници во Тетово. Граѓаните седат дома, но поединци празните коловози за време на забраната за движење ги користат да беснеат со своите возила.

28 годишниот тетовец кој врти кругови со своето возило е повикан во полициската станица и случајот е расчистен

-Тетовецот има заработено неколку поднесоци. Ќе му се изготват неколку поднесоци за загрозување на безбедноста во патниот сообраќај како и пријава заради злопотребата на дозволата за  движење за време на полицискиот час, истакнаа од СВР Тетово

Од СВР Тетово велат дека секој кој го злоупотребува и прекршува полицискиот час е евидентиран и казнет според законот

Полицијата не може да го покрие и контролираа целиот терен, велат граѓаните. Се е до нашата свест колку сакаме да се заштитиме

Се работи за голем регион кој го покрива СВР Тетово, вели Јосифоски. Но наоѓаме начин и метод секаде да бидеме присутни

Од тетовската полиција, велат дека ќе продолжат со засилени контролни активности како во урбаните така и во руралните средини. Никој нема да биде поштеден ако го злоупотребува или нема дозвола за движење за време на полицискиот час.