Инспекторите го замолија Заев да не го разрешува Пауновски

0
24

Во Владата штотуку заврши средбата меѓу премиерот Зоран Заев и тројца вработени во Државниот пазарен инспекторат. Средбата траеше еден час, а по неа немаше изјави за медиумите. На средбата се размениле ставови на двете страни.

Над сто инспектори од пазарниот инспекторат се потпишаа на петиција што денеска му ја врачија на премиерот, во која бараат да не го разрешува нивниот директор Стојко Пауновски, затоа што се задоволни од неговиот раководителски капацитет и зашто за три години ја унапредил службата и кадровски и со ресурси.

Премиерот Заев најави негово разрешување поради пркос и инаетење откако Пауновски одби да прими во пазарниот инспекторат 35 вработени рамковни административци.