Камчев со кривични пријави против судиите што му го одредија притворот

0
21

Одбраната на осомничениот бизнисмен Јоран Камчев, Тони Менкиноски обвинува за злоупотреба на тајните служби за местенки на граѓани. Менкиноски поднел кривични пријави против Судијата на претходна постапка и Кривичниот совет кои одлучија за продолжувањето на мерката притвор, пред пет дена.

Менкиноски во писмото до медиумите наведува дека притворот е одреден врз основа на усмен исказ на доушник и дека до сега на одбраната не и е презентирана белешката составена од тајната служба односно од АНБ, што е прекршување на правата на неговиот клиент. Како што се наведува во писмото до медиумите од одбраната на Камчев, во решението на Кривичниот суд е посочено дека Камчев во февруари годинава се сретнал со разузнавач од Бугарија, припадник на служба за безбедност со која и претходно соработувал и се претпоставува дека ќе има поддршка за бегство во соседна Бугарија.

„Ваквата интерпретација на судот е срамна и навредлива за г-дин Јордан Камчев. Г-динот Јордан Камчев е македонски бизнисмен кој целокупониот свој капитал го има во РС Македонија.“ се вели во писмото на Менкиноски и додава дека Камчев никогаш ниту бил, нити имал намера да биде соработник на каква било странска служба.

Тој наведнува дека неколку пати до сега било побарано и иземање, но и кривични пријави против обвинителката Лиле Стефанова која 36 месеци како ја води истрагата за „ Империја “ во која Камчев е осомничен за перење пари и злосторничко здружение.

„Уште еден доказ за пристрасно, незаконско, скандалозно и тендециозно судење е и тоа што во предлогот на Обвинителката за продолжување на притворот навела десетици фирми во странство и оф-шор компании тврдејќи дека се во сопственост на г-дин Јордан Камчев што е ноторна лага и за истото до судот се доставени докази. Истовремено, обвинителката тврдела и дека г-дин Јордан Камчев поседува и стан во Бугарија што исто така е ноторна лага и истото е опфатено во жалбата која ја доставува одбраната на г-дин Камчев, “ вели Менкиноски.

Одбраната на Камчев обвинува за киднапирање, тортура и незаконити докази

АНБ и Заев за случајот Камчев, одбиена жалбата за притворот

Камчев е приведен на 14 март годинава како осомничен за предметот „Плацеви на Водно “ односно за помагање во незаконското купување на плацевите на поранешниот премиер Никола Груевски.

Камчев е еден од осомничените и во случајот „Империја“. Овој случај кој го отвори поранешното СЈО , станува збор за финансиски криминал односно перење пари преку фирми во земјава и офшор-компании, а се истражуваат неколку кривични дела, како злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари. Покрај Камчев, во овој предмет осомничени сè уште 12 лица, меѓу кои и Сашо Мијалков, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ.

РСЕ