Косовскиот премиер Курти гласаше на изборите во Албанија, следуваа реакции од косовски политичари и европски преставници

0
46

Премиерот Албин Курти, кој исто така има албанско државјанство, денеска гласаше на парламентарните избори во Албанија 

Пратеникот на ЛДК, Дритон Селманај, го коментираше гласањето на Курти.

Селманај на својот Фејсбук профил ја нарече постапката на Курти без смисла и со геополитички и геостратешки последици.

„Учеството на премиерот на Република Косово на парламентарните избори во Република Албанија, бесмислено, неприфатливо и со геополитички и геостратешки последици за државата Косово“, напиша тој на Фејсбук.

Дури и известувачот за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон го нарече „неприфатливо“ гласањето на премиерот на Косово, Албин Курти на парламентарните избори во Албанија.

Дури и Енвер Хоџај, вршител на должноста претседател на Демократската партија на Косово во опозиција, го критикуваше Курти, велејќи дека тој „е повеќе заинтересиран за членови на партијата таму отколку за судбината на сограѓаните тука“.

Партијата на Курти, учествува на изборите во Албанија со тројца кандидати регистрирани како независни.

Премиерот Курти, преку објава на Фејсбук рече дека „гласањето е граѓанска должност за оние кои ја сакаат демократијата“.