Наташа Димитријевска: Обвинителката наместо да се казни за „Млечен“, таа е унапредена за да цвета корупцијата

0
21

Наташа Димитријевска чиј сопруг Гоце Димитријевски, пред две години загина во сообраќајката кај „Млечен“ а таа го загуби нивното неродено дета и се здоби со тешка телесна повреда, го осуди унапредувањето на обвинителката Снежана Бундалевска – Георгиевска за Виш јавен обвинител.

Обвинителката мина неказнето во Советот на јавни обвинители, откако нејзиното обвинение овозможи возачот-бизнисмен да помине само со условна казна.

„Советот на ЈО наместо да ја разреши, казни обвинителката Снежана Бундалевска – Георгиевска за случајот кај Млечен, затоа што му помогна на Васил, тие ја наградија и ја избраа за Виш ЈО, за да може поубаво да цвета корупцијата. СРАМОТА!!!“, реагираше Димитријевска на Твитер.

Во февруари годинава Апелација ја преиначи пресудата за сообраќајката кај „Млечен“. Наместо условна казна одлучи виновникот да добие две години затвор и две години забрана за управување возило.