Највисока дневна бројка на починати од ковид 19: Битката ја изгубија 50 лица

0
19

Дури 19 од починатите се од Скопје, а во последните 24 часа се направени 4 174 тестирања, при што се регистрирани 1 320 нови случаи на коронавирус

Починаа 50 пациенти од ковид-19 во последното деноноќие, што е највисока дневна бројка во земјава од почетокот на епидемијата.

Во Скопје има дури 19 смртни случаи (95г,92г,86г,84г,81г,80г,80г,78г,76г,75г,73г,73г,70г,70г,68г,62г,61г,60г,58г). Четворица од починатите се од Кичево (63г,62г,56г,53г). По три смртни случаи има во Куманово (74г,74г,56г), Битола (73г,69г,55г), и Штип (82г,67г,53г), по два од Прилеп (82г,53г), Велес (77г,70г), Струмица (84г,74г) , Кочани (66г,63г) и Крива Паланка (77г,53г). По еден пациент е пријавен од Тетово (46г), Гостивар (65г), Кавадарци (65г), Охрид (58г), Струга (72г), Неготино (62г) и Ресен (76г). Четворица од пациентите починале во болнички услови.

Во последните 24 часа се направени 4 174 тестирања, а регистрирани се 1 320 нови случаи на ковид -19 во: Скопје – 580, Битола – 113, Куманово – 75, Прилеп – 59, Велес – 50, Охрид – 43, Кавадарци – 41, Тетово – 38, Гостивар – 36, Струмица – 32, Штип – 31, Кочани – 30, Гевгелија – 27, Ресен – 24, Кичево – 22, Радовиш – 14, Струга – 13, Берово – 12, Неготино – 10, Крива Паланка и Валандово – по 9, Виница – 8, Богданци – 7, Делчево – 6, Свети Николе и Македонски Брод – по 5, Дебар, Пробиштип, Демир Капија и Демир Хисар – по 4, Крушево – 3, Кратово и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 457 оздравен пациент.

Досега во земјата се направени вкупно 633 407 тестирања.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицираниод почетокот на епидемијата изнесува 132 740, бројката на оздравени пациенти е 108 197, на починати е 3 860, а бројот на активни случаи изнесува 20 683. од кои 10 281 се во Скопје.