Најнова анкета: Алијанса и Алтернатива води меѓу Албанците, ВМРО кај Македонците

0
25

Ако сега се одржеа предвремени парламентарни избори, победник во македонскиот политички табор ќе беше ВМРО-ДПМНЕ, додека кај Албанците коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива.

Ова го покажува теренското истражување, спроведено од 17 до 30 март. Анкетата е нарачана од партијата на Христијан Мицкоски и во неа учествуваа 1.009 граѓани.

Анкетата покажа дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 15 проценти, а СДСМ  со рејтинг од 10,9 проценти.

Трета е коалицијата „Алијанса за Албанците и Алтернатива“ со рејтинг од 5,3 проценти, додека ДУИ на Али Ахмети има 5,2 проценти.

Левица на Апасиев има рејтинг од 5,2 проценти.