Нема план „Б“ за работниците кои два месеци се без плата

0
19

Владата без  алтернатива како да им се помогне на  илјадници  граѓани кои останаа без плати и на  оние кои се пратени на принуден одмор  поради тоа што петтиот пакет мерки е заглавен во Собранието. Брзи мерки додека  се донесе пакетот нема да има. Само  ќе се продолжи рокот за аплицирање  за субвенциите за плати до 15 април, иако  е неизвесно дали и до тогаш пратениците ќе го донесат  пакетот мерки кои ги чека и стопанството и граѓаните.

Од Владата уверуваат дека буџетот е во добра кондиција, а доказ за тоа е што полнењето на државната каса се одвива според планот. Иако годинава  јавниот долг ќе  изнесува  63,4 проценти, од Владата со оптимистички сценарија, 2021  ќе се заврши со раст од 4,1 отсто.

Од владата главно се задоволни  од искористеноста на мерките од претходните четири пакети помош. Посочија  дека без овие мерки, падот на економијата ќе бил уште поголем.

СИТЕЛ