Пожарникар паднал од зградата на ТППЕ Свети Николе

0
20

Пожарникар паднал и се повредил додека извршувал работни задачи на зградата на ТППЕ Свети Николе. Триесет и седум годишниот пожарникар бил пренесен во штипската Клиничка болница.

„На 26.04.2021 во Полициската станица Свети Николе, било пријавено дека околу 13.15 часот при извршување на работни задачи на објектот на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, пожарникарот А.Л.(37) паднал и се здобил со повреди констатирани во Клиничката болница Штип,“ информираат од СВР Штип.

Увид на местото бил извршен од екипа на Одделението за внатрешни работи Свети Николе.