Пописот како првоаприлска шега, пак останавме непребројани!

0
21

Закон има, но еден договор на лидерите урна се. Требаше денеска, но како да беше првоаприлска шега, па повторно остануваме непреброени.

Пописот ќе чекаме и официјално да го одложат пратениците со гласање на измени на законот, а според најавите истито ќе треба да се спроведе наесен.

Според донесениот закон, пописот во земјава требаше да се спроведе од 1 до 21 април.

Тој е едно од барањата на ЕУ за почеток на преговори, а Македонија и Унгарија се единствени европски земји кои 10 години се без попис.

Последниот попис на населението е спроведен во 2002 година, a Хрватска пак оваа година најавениот попис го одложи поради коронавирусот.