Почина 63-годишниот маж кој премрзнат 5 часа го носеа на раце по планини

0
22

За случајот јавноста дозна откако д-р Павле Зафиров, кој веќе три години е доктор во Брза помош во Здравствениот дом во Кратово, на својот Фејсбук профил револтиран од неажурноста на институциите, детално го опиша спасувањето.

До кратовското село Емирица, води црн стрмен пат, а кога се обратиле за помош до институциите, никој не им помогнал иако тоа е нивна должност.

Медицинската екипа и членови на семејството на човекот 5 часа го носеле на импровизирани носила низ снег за да го префрлат до возилата и до болница.

Зафиров во постот вели дека тој не е напишан за самопромоција и фалење, туку за апел дека системот не ни функционира.

Се обрати до Стојанче Ангелов, одговрен на ЦУК, до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, до министерот за здравство, Венко Филипче, до премиерот, Зоран Заев со прашање кој е надлежен и зошто никој не постапил.

За овој настан вчера прес-конференција одржа директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кој посочи дека оперативецот на ЦУК барал џип и си ја изработил својата работа и бил фокусиран на пронаоѓање на теренско возило, но признава и дека е факт дека во целиот систем на излекување на лица од тешко пристапни терени има слабости и дел од нив веќе ги детектирале.