Први фотографии од драмата на обиколницата околу Белград, сè стои кај Остружница: Се превртел воен камион со три ракети, една испаднала на патот

0
21

На обиколницата околу Белград во насока кон Остружница е сопрен сообраќајот бидејќи воен камион “камаз” кој пренесувал три ракети од ситемот “Панцир С1” утрово излетал од автопатот и се превртел.

Војникот – возач на камионот е полесно повреден, а опасност за населението и околината нема со оглед на специфичноста на товарот. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола и излетал од патот, а камионот буквално се превртел преку патните ленти.

Несреќата се случила пред исклучувањето за Обреновац, во насока со Остружница, а се била известена и воената полиција.

Камионот пренесувал 3 ракети “Панцир С1”, а од камионот испаднала една. Покрај возачот, повредени биле уште двајца војници.

Сообраќајот е сопрен во двете насоки, а ракетите биле пренесувани на Пасуљанската ливада. Причината за излетувањето на камионот од патот уште не е утврдена.

Се огласило и Министерството за одбрана
Министерството за одбрана на Србија соопштило денеска дека во околу 7:30 часот кај Остружничкиот мост дошло до сообраќајна несреќа во која учествувало борбено возило на Војската на Србија упатено на извршување на редовна задача. Во несреќата полесно вил повреден еден припадник на Српската војка. На местото на настанот излегле надлежни органи да направат увид, било наведено во соопштението.

На обиколницата околу Белград, кај Остружница, сообраќајот моментално е сопрен во двете насоки, поради превртување на товарно моторно возило, соопштиле од ЈП “Патишта Србија”.