Рашковски се повлекува од функцијата: Вистината нека се провери преку институциите

0
20

По бројните скандали кои испливаа во јавноста, поранешниот генерален секретар и советник во Владата, Драги Рашковски, на својот фејсбук профил ја објави оставката од функцијата Секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти. Писмото со оставката кое му го испратил на премиерот Зоран Заев е со датум од 12 април. Рашковски порачува дека „кога политиката ќе стане погласна од природните науки, тогаш работната атмосфера станува непогодна за некој кој е научен во се да ја бара логиката“.

„Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Се поразлично од тоа е лажна вест“, напиша Рашковски на својот фејсбук профил.