РЕКОРД ВО ТУРЦИЈА: Има 44.756 заразени за едно деноноќие

0
67

Турција регистрираше рекорден број новозаболени од коронавирусот од почетокот на пандемијата.

Земјата има 44.756 нови случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа, најмногу од почетокот на пандемијата. Турција во моментов е на петтото место во светот според бројот на заразени на дневна основа.

Бројот на заразени се зголемува откако турската влада ги ублажи мерките за сузбивање на пандемијата во март, па затоа во последните пет дена беа поставени нови црни рекорди. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави заострување на мерките, вклучително и враќање на целосното заклучување на земјата за време на викендот кога започнува постот на Рамазан на 13 април.