СЗО: Европа има повеќе вакцинирани од заразени со коорна вирусот

0
20

Иако заканата од корона вирусот и понатаму е присутна во Европа, на ова подрачје сега има повеќе вакцинирани против Ковид-19 од заразени со корона вирус, соопшти Светската здравствена организација.

„Поминаа 462 дена откако е пријавен првиот случај на зараза со корона вирус. Оттогаш вирусот е откриен кај 5,5 отсто од целокупното европско население, додека седум отсто изнесува процентот на вакцинирани. Но, иако бројот на заразени, хоспитализирани и починати опаѓа, заканата од заразата постои’, рече Ханс Клуге, регионалниот директорт на СЗО за Европа.

Понатаму вели дека вирусот има потанцијал да предизвика погубни последици, но сепак влева надеж дека прв пат по два месеца новите случаи значително опаднале минатата недела. Сепак, додава, стапката на ифекција во Европа е висока и понатаму.

СЗО во европскиот регион вбројува повеќе од 50 земји, меѓу кои и Украина, Русија и Турција.

Во тие земји досега се забележани вкупно 51,3 милиони зарази, вклучително речиди 1,37 милиони во последната недела. Стручњаците сепак сметаат дека бројот на зарази веројатно е многу поголем од официјалниот.

Според Клуге, околу 215 милиони дози вакцини досега се искористени во регионот. Се проценува дека 16 отсто од населението примило барем една доза вакцина, пишува Си-ен-би-си.