Филипче: Вакцината на „АстраЗенека“ нема да се дава на помлади од 60 години

0
19

По појавата на тромботични реакции кај дел од помладата популација, надлежните одлучија и натаму само лицата над 60 години да се имунизираат со оваа вакцина, информираше министерот за здравство Венко Филипче. Тој кажа дека засега нема посебна препорака за помладите лица од 60 години што ја примија Астразенека во Србија, а се надоврза и на ревакцинацијата.

Инаку, Европската агенција за лекови по спроведеното истражување им препорача на сите држави сами да си одлучат дали и кому ќе ја даваат оваа вакцина. Филипче кажа дека и понатаму ќе се следат насоките на Европските агенции.

Имунологот д-р Мери Киријас вели дека процентот на тромботична реакција кај вакцинираните е многу ниска, односно поголем бенефит има од примањето на вакцината. Таа воедно и препорача, граѓаните кои што се вакцинирале со АстраЗенека, да се ревакцинираат со нејзе.

Еврокомесарката за здравство Стела Кирикадес, побара Брисел да се произнесе со заеднички став околу имунизацијата на граѓаните на ЕУ со Астразенека, за да не се наруши довербата во процесот на имунизација. Сепак Шпанија веќе одлучи дека нема да вакцинира лица под 60 години со оваа вакцина.

Инаку министерот Филипче информираше дека до крајот на Април се очекува да пристигнат околу 300.000 дози на вакцини од сите производители со кои преговараат надлежните.

Бидете информирани следете не на Facebook

МАКЕДОНИЈА
Обвинителството ќе отвори случај по допред глас за скандалот со премрзнатиот овчар во кратовско
Откако ЦУК утврди серија пропусти и кршење на процедурите во случајот со спасувањето на премрзнатиот овчар во кратовското село Емирица кој потоа почина, ќе истражува и Обвинителството.

Случајот предизвика силни реакции во јавност кои повторно го отворија прашањето за функционалноста на системот за справување со кризи. Како една од интервенциите на Ангелов ќе биде конечно да профункционира единствениот број 112, според најавите од 1ви декември годинава. Досегашните 192, 193, 194 и 195 нема да бидат укинати веднаш туку во период од неколку години.

И додека Ангелов најавува реформа на системот, и неговиот претходник Агрон Буџаку смета дека иако поставен на добра теоретска основа, менаџментот на кризите во пракса се соочува со проблеми.

Со вкупно осум регионални центри во државава, новата линија за повик на помош ќе работи така што кога граѓанинот ќе побара помош, дежурниот оператор на бројот 112 ќе го пренасочи повикот таму каде што треба. Но не станува збор за механичко препраќање на повикот, односно операторот ќе се погрижи соодветната потребна помош да пристигне таму каде што е повикана.

Воведувањето на единствениот европски број за пријавување несреќи, пожари, ризици и опасности – 112 е постојана забелешка во сите извештаи на ЕК за земјава во изминатите 15 години.