70 години од формирањето на Државниот архив

0
22

Во рамките на Државниот архив работат девет одделенија, и тоа во Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Куманово, Велес, Штип, Струмица и во Тетово, кои се формирани во периодот од 1951 до 1962 година.

Државниот архив денес е архивска институција со статус и ингеренции на државен орган со речиси 300 вработени.

Во Архивот се чуваат 7.769 архивски фондови, речиси 70.000 архивски книги, 382 збирки, мноштво микрофилмуван архивски материјал, а интензивно се работи и врз дигитализација на приоритетните историски фондови.

Најстариот документ што се чува во Архивот потекнува од 12 век, а тоа е Евангелието на свети апостол Лука.