Апелација одлучува за Боки 13 и Катица Јанева

0
31

Бојан Јовановски-и Катица Јанева.денеска ќе слушнат од Апелациониот суд дали пресудите за случајот „Рекет“ им стануваат правосилни, или пак ќе има повторно судење, по нивната жалба. Боки 13 доби 9 години затвор од Кривичниот суд, додека за поранешната специјална обвинителка беше изречена седумгодишна казна затвор.

Обвинителката Вилма Русковска ја отвори истрагата на 15 јули 2019 година, кога беше уапсен и Јовановски, додека Јанева стана осомничена на 21 август истата година. Во моментов тие се наоѓаат во домашен притвор. Јовановски беше во притвор во Шутка, но поради нарушена здравствена состојба, неколку пати беше пренесуван во болница, а на крајот на октомври минатата година му е изречена мерка домашен притвор.

Случајот „Рекет“ е поврзан со злоупотреби во предметот „Империја“ во кок биле побарани 5 милиони евра.