(ВИДЕО)Хоџа до Трипуновски: Сега скапо или евтино ќе се продава земјиштето, одлучете се

0
19

Во емисијата „Топ Тема“ на Телма, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа одговори на критиките на претставникот од ВМРО ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, кој велеше дека ќе се распродава земјиштето по багателни цени, за веднаш потоа да изјави дека нашите земјоделци се сиромашни и не можат да купат земја.

„Не може земјоделското земјиште да го купи за 0,20, бидејќи тој за 0,20 центи знаете за стратешка инвестиција колку треба да купи? Значи, за стратешка инвестиција нему може да му требаат 10 хектари, во тие 10 хектари мора да инвестира над 30 милиони евра.“, рече Хоџа.

„Вие кажувате дека треба повеќе од едно евро, а од друга страна кажувате дека земјоделците не можат да купуваат. Кажете, господине Трипуновски, дали земјоделците можат да купуваат над 3 или 4 евра? Индивидуалните? Не можат да купуваат. Значи сега бранете едно или едното или другото“, рече министерот Хоџа.