ОД ЕСЕН СПУТНИК V ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА И ВО ТУРЦИЈА:ВАКЦИНАТА ДАВА 98ПРОЦЕНТИ ЗАШТИТА ОД КОВИД ПО ВТОРАТА ДОЗА

0
18

Кон крајот на април турската фармацевтска компанија Вискоран објави дека ќе ја произведува руската вакцина Спутник во своите погони, откако неколку месеци претходно Русија и Турција го потпишаа договорот за набавка и заедничко производство на руската вакцина. Според професорот Исмаил Балак, производството на Спутник V ќе оичне од есен.

– Производството на вакцината е исклучително важно од гледна точка на намалување на нашата зависност од увоз од други земји. Постои фабрика во Турција, во која условите за производство на препаратот се идеални и овозможуваат вакцината да се произведува под сите безбедносни услови, изјави професорот д-р Исмаил Балак.

Тој информира и дека нивните клинички истражувања покажуваат дека по целосна вакцинација со Спутник V, односно по примени две дози, лицата се заштитени 97,6 проценти од ковид-19.