ВУЧИЌ – Не можам да го потпишам Законот за истополови заедници

0
32

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека со својата функција е должен да го штити Уставот, поради што не може да го потпише Законот за истополови заедници, доколку Националното собрание го донесе.

Во интервју за денешен Блиц, тој рече дека не ја исклучува можноста најавените измени на Уставот, кои во моментов се однесуваат само на судството, да содржат одредби што ќе им овозможат на ваквите малцински заедници да ги остваруваат своите права.

„Уставот се однесува на семејниот закон, кој го дефинира бракот како законски регулиран сојуз на маж и жена. Затоа, не би можел да го потпишам законот за истополови заедници и да го вратам на Националното собрание“, рече претседателот на Србија.

Вучиќ исто така рече дека го покажал својот личен став кон тој закон „со избирање на Ана Брнабиќ за премиер“, но дека во исто време тој не бил „жесток поборник“ на истополовите заедници.

Тој додаде дека не го интересираат реакциите на заговорниците или противниците на истополовите заедници, но дека Србија треба да стане „модерна и нормална земја“,во која се почитува правниот поредок.