КАЈ МЕСНОСТА ТРИ ВОДИ ПРОНАЈДЕНО ОРУЖЈЕ КАЈ ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗА КОЕ НЕМАЛЕ ДОЗВОЛА

0
24

На 16.05.2021 во 00.50 часот кај место викано „Три Води“, атар на с.Брезно, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Б.(30), А.С.(20), И.Р.(22), тројцата од с.Слатино, тетовско и Б.Е.(36) од с.Непроштено, тетовско, бидејќи кај нив биле пронајдени ловечка пушка „Ата“ со 30 парчиња муниција, еден карабин „Сава Сарс“ со три куршуми калибар 8,57 мм, пиштол „Глок“ и рамка со 16-куршумуи калибар 9 милиметри, за кои не поседувале дозвола, ловечки нож и патничко моторно возило „шкода фелиција“ без регистарски ознаки. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.