НАМЕСТО ДА ЗАПРЕ НА ДАДЕН ЗНАК ОД ПОЛИЦИЈАТА, ТОЈ СЕ ОБИДЕЛ ДА ПРЕГАЗИ ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК НА УЛИЦА ЈНА ВО ГОСТИВАР

0
28

 Вчера околу 18.00 часот на ул.„ЈНА“ во Гостивар, при вршење службени дејствија во сообраќајот, двајца полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар дале знак за запирање на патничко возило „шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, кое се движело со брзина поголема од дозволената. Возачот на возилото не застанал, ја зголемил брзината и со возилото се обидел да удри еден полициски службеник, по што продолжил со движењето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.