„Не болеше, беше како да те штипнало нешто“ – Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската Синофарм

0
18

Со 10 минути доцнење од предвидениот распоред, премиерот Заев сепак стигна да се вакцинира.

Најпрво се пријави на шалтерот во Центарот за вакцинација Борис Трајковски, каде освен редовните процедури најде време и да се пошегува и да поразговара со граѓаните. Потоа се упати кон кабината каде го чекаше медицинска сестра.

Се соблече и ја прими првата доза од кинеската вакцина Синофарм. Кога излезе надвор, пред новинарите рече “добро е“.

Дури рече дека воопшто не боли.

Бидејќи се чувствувал добро, рече дека ќе продолжи со дневната агенда, а ги покани сите да се вакцинираат.

На прашањето за пријавените пречки на вакциналните пунктови во другите градови, Премиерот рече дека освен Централниот координативен штаб, формирани се и 3 координативни подштабови, еден за обезбедување дополнителни дози, еден за координација на процесот на вакцинација и третиот за делот од маркетинг.

На прес конференцијата зборуваше над 20 минути. До самиот крај изгледаше добро, иако кога се оддалечи, обезбедувањето требаше да го насочи Премиерот, од каде дошол.