Новиот закон за легализација на дивоградби само ќе го зголеми урбаното лудило во Тетово, предупредуваат експертите

0
17

 

Во Тетово и на Шарпланинскиот појас нема мало и предел каде што нема дивоградби.  Изградени нелегално покрај реки, стрмни терени, на само неколку метри од други објекти, загадувајќи го воздухот и преставувајќи ризик за ерозии и поплави.

Новиот закон за легализација на дивоградби само ќе го зголеми урбаното лудило во Тетово, предупредуваат експертите.

-Бараме да се повлече законот,во спротивно поимот урбан развој и план на општините повеќе е беспредметно да постои. За да биде трагедијата поголема, анархијата на новиот закон за дивоградби уште повеќе ќе ги мотивира граѓаните да градат на диво, вели архитектот Богосав Божиновски.

Законот изгласан во собранието практично ќе ги озакони сите нелегални градби, а ќе ги поништи сите одлуки за уривање на бесправни објекти.