МАЛОЛЕТНИЦИ ОБИВАЛЕ И КРАДЕЛЕ ПО ПРОДАВНИЦИ, КИОСЦИ И ЧАЈЏИЛНИЦИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ТЕТОВО

0
19

Од Секторот за внатрешни работи Тетово известуваат дека се расчистени 12 случаеви за тешки кражби. Притоа според членот 236 од кривичниот законик ќе се изготват поднесоци против три малолетни граѓани на возраст од 13 до 16 години.

Во перодот од февруари до 20 -ти април годинава се сомничи дека малолетниците со употреба на сила влегувале по продавници, киосци, чајџилници во централното тетовско подрачје и одземале пари и други предмети. Покрај тоа тие не ја почитувале забраната за движење донесена како одлука на владата и според истото ќе се изготват соодветни поднесоци, информираше Марјан Јосифовски, потпаролот на СВР Тетово.

Од СВР Тетово апелираат пешаците да ги почитуваат светлосните сигнали во сообраќајот и да преминуваат на пешачки премин и правилно да се движат таму каде што нема обликувани тротоари. Во спротивно ќе се соочат со санкции и со парични глоби во вредност од 20 до 50 евра.

-На тој начин ќе придонесат за сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, а родителите да водат сметка за своите деца и да не ги пуштаат сами на улица за да не се изложат на опасност, советуваат од СВР Тетово.

И на возачите им се укажува да ја намалат брзината пред пешачките премини и секогаш да им даваат предност на пешаците. Недавањето предност се санкционира со поднесок и глоба од 200 до 250 евра според Законот за безбедност на сообраќајот.

Ангела Бошкоска