„Обединети за Македонија“ во коалиција со помалите македонски политички партии на следните локални избори

0
20

Партијата предводена од  Љубе Бошкоски, „Обединети за Македонија“ го прифати предлогот за заедничка македонска советничка листа предложен од Драган Давидовски од ВМРО НП.

Во предлогот стои дека ќе се формира коалиција помеѓу помалите македонски политички партии како ВМРО-НП, Либерална партија, НСДП на Тито Петкоски,  Левица, Интегра и сите други, која заедно ќе излезе со кандидати за следните локални избори на есен

-Обединети за Македонија веќе е во неформална коалиција со ВМРО-НП и заедно работиме на веќе дадените предлози од двете страни за заедничката листа за Советници и Градоначалник на престоните локални избори на есен со прифаќање на сите ИДНИ коалициони партнери кои веќе ги споменавме, со нивните предлози и напредни идеи кои би биле дадени од нивна страна, а кои ќе бидат заеднички разгледани од едно ново СЕ МАКЕДОНСКО координативното тело – кое се надеваме ќе биде наскоро формирано од сите заинтересирани прогресивни сили на Тетово и пошироко, истакнаа од партијата на Бошкоски

Од партијата сметаат дека на овој начин би се подобриле демократските процеси, соживотот и достоинството на Македонците кои живеат и опстојуваат во градот Тетово како и  општините кои гравитираат кон градот Тетово, поради што како што велат од партијата поголемите политички партии на територијата на Република Северна Македонија ги занемаруваат основните услови и права на живот и својата функција ја користат за свои политички цели.

Ангела Бошкоска