ОДЅИВОТ ЗА ВАКЦИНАЦИТА ТРЕБА ДА БИДЕ ПОГОЛЕМ: Во мај ќе добијат термин сите кои се пријавиле до 30. април, вели Филипче

0
17

Министерот за здравство, Венко Филипче, смета дека одѕивот за вакцинација против Ковид-19 треба да биде поголем. Со ваквата динамика на вакцинирање и со количините кои се на располагање, како што најави министерот, во овој период ќе бидат вакцинирани сите граѓани кои заклучно со 30 април се пријавиле во системот, односно на сајтот вакцинација.мк.

-Секој понеделник и според најавите на еврокомесарот Вархеј во Македонија ќе пристигнуваат околу 10.000 дози од вакцината на Фајзер, што значи дека во мај од оваа вакцина ќе имаме приближно 50.000. Дополнително, околу 14-15 мај, зависно од транспортот ќе пристигнат и вакцините од Синофарм, односно донацијата од околу 100.000 вакцини. И овие колиучини ќе бидат сосема доволни за непречено одвивање на вакциналниот процес. Ние направивме пресек, па сите граѓани кои се пријавиле за вакцинација заклучно до 30. април, во овој период ќе добијат термин за вакцинација. Во текот на вчерашниот ден, од 9.000 граѓани, колку што добија термин за вакцинација, дошче околу 4.500. Ние ќе го идентификуваме проблемот и искрено се надевам дека одѕивот за вакцинација нема да биде ваков понатаму, истакна министерот Филипче.

Истакна и дека здравствените власти во овој момент не дозволуваат избор на вакцина, но нагласи дека ниту една вакцина нема контраиндикации по ниту една група граѓани, односно дека сите вакцини се безбедни по здравјето на луѓето.

-Во Македонија функционираат и мобилни тимови кои во домашни услови ги вакцинираат лицата кои не може да стигнат до вакцинбалните пунктови, како и повозрасната популација во домовите за стари лица, рече Ф илипче.

Извор Фактор