Фејсбук статус на Оливер Спасовски:
Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ – имињата на осумте припадници на Министерството за внатрешни работи, нашите колеги и пријатели, кои што во вооружената пресметка со терористите, ја дадоа најскапата можна жртва во името на слободата и мирот, за одбрана на татковината – човечкиот живот. Нека им е вечна слава!
Оживувајќи го споменот на осумте загинати колеги, денеска заедно со директорот на БЈБ, началникот на Одделот за специјални полициски операции и командантите на Единицата за брзо распоредување и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, оддадовме почит на нивните вечни почивалишта, во знак на благодарност кон нашите херои и огромната почит кон нивните семејства.
Хероите живеат вечно – СЛАВА ИМ!