ТЕТОВЕЦ ПРЕКУ ТЕЛЕВИЗИЈА ГО БАРА ЛИЦЕТО КОЕ ИЗГУБИЛО ПАРИ НА 18 МАЈ, А ТОЈ ГИ ПРОНАШОЛ

0
23

Тахир Узаири од Тетово, денес побара помош од Телевизијата КОХА за да го пронајде лицето кое изгубило пари на 18 мај, во близина на ресторанот ДАМАСК во Тетово

За телевизијата КОХА, тој рече дека очекува да го најде сопственикот и да ги предаде парите.

“Овие пари ги најдов во близина на ресторанот ДАМАСК. Го замолувам лицето што ги изгубил овие пари да се јави на овој телефонски број 070 / 800-642 и да му ги предадам парите. Јас ги најдов, а лицето кое ќе ми се јави мора да знае колку пари изгубил и во која валута се “, изјави Тахир Узаири, за Телевизија Коха