Јавното осветлување на сред тротоар на улица 172 – Тетовци: Подобро да не ги ставаат воопшто, отколку да се шегуваат

0
23

Поставувањето на јавно осветлување на улицата 172 во Тетово предизвика револт кај жителите на оваа населба. Според нив, столбовите се поставени на сред тротоар, спречувајќи го слободното движење на пешаците, посебно на тие кои шетаат со колички за деца. Жителите велат дека во нивната населба не е единствен проблем јавното осветлување бидејќи иако улицата е новоизградена сепак тие немаат канализација и дека секогаш кога врне пороен дожд, водата излегува на улица.

-Неправилното поставување на столбовите бидејќи патот не е целосно изграден, стариот пат беше широк, оваа улица се уште нема канализација, има канал со вода кој поминува по оваа улица, секогаш кога врне или кога има поинтензивен дожд, водата излегува на улица.

-Ова е срамота а не столб. Столбовите се поставуваат на работ за да не им сметаат на пешаците, доколку им сметаат нивната вредност е нула.

-Срамно е, не можат да поминат граѓаните, децата со колички, отворено е училиштето во Речица, и овде требаше да се најде решение бидејќи срамно е ова што се случува во населба 172, нема канализација, патот е стеснет, не е проширен. Кога има поплави сета вода излегува на улица, одговорност не презема ниту Општината ниту Владата. Оваа улица е клучот на Владата бидејќи води до седиштето на ДУИ и никој не се грижи.

Од општина Тетово велат дека поставувањето на јавното осветлување на оваа улица е направено врз основа на основниот проект.

Инсталирањето на јавно осветлување на улицата 172 е направено според основниот проект и претставува инвестиција во износ од 1,3 милиони денари, инвестиција со цел да се зголеми квалитетот на животот на граѓаните во овој регион. Вреди да се спомене дека за 4 години ова е втора капитална инвестиција на овој пат по асфалтирањето на патот и изградбата на тротоарите“, велат од Општина Тетово.

Општина Тетово во текот на 2021 отвори тендер за изградба и реконструкција на јавното осветлување во вредност од 5.9 милиони денари, тендер кој на 1 април го доби компанијата Бош од Тетово.

ИЗВОР ТВ21