ЈКП Тетово – Тетово деновиве има вишок вода, откако пред десетина дена граѓаните се соочуваа со рестрикции во водоснабдувањето

0
37
Тетово деновиве има вишок вода, откако пред десетина дена граѓаните се соочуваа со рестрикции во водоснабдувањето. Од ЈКП Тетово со оптимистички прогнози дека летово што следи тетовци нема да имаат проблеми во водоснабдувањето.

 

Според ЈКП Тетово градот моментално има и повеќе од 400 литри вода во секунда, што е доволно да ги задоволи потребите на граѓаните. Издашноста е само од стариот водовод, затоа и новиот водоснабдителен систем како што истакнаа од претпријатието, нема потреба да биде вклучен.

-Издашноста од 400 литри вода во секунда која што е поголема, со оглед дека системот е преполн со вода, па дел од водата се испушта заради безбедност, следува по рестрикциите во водоснабдувањето пред десетина дена. Сега поради врнежите и снежната покривка ќе имаме нормално водоснабдување, истакнаа од ЈКП Тетово, од каде прогнозираат лето со солидна издашност на изворите, од кои Тетово се снабдува со вода за пиење.

Тетово во неколку наврати имаше проблеми во водоснабдувањето по дефектите на новиот водовод, кои се појавија по неколкуте ерозивни процеси каде поминува новиот цефковод.

Општинските власти се правдаа дека ерозиите се резултат на лошиот терен, додека невладините обвинуваа дека свлечиштата на земјата се како последица на изградбата на хидроцентралите и побараа ревизија околу изградбата новиот водовод.  
ммс