“GENTLEMAN’S RIDE” ПО ШЕСТИ ПАТ ВО СКОПЈЕ

0
31

Околу 100-тина мотоциклисти облечени во свечена и елегантна облека попладнево со мотоцикли ќе парадираат низ улиците на Скопје како дел од манифестацијата „Gentleman’s Ride“ Скопје. Настанот во С.Македонија се одржува по шестти пат, а ќе се вози на отворено под строги протоколи поради корона пандемијата.

„Gentleman’s Ride“ Скопје има хуманитарен карактер. Целта на настанот е подигнување на свеста за машкото здравје, но и да им се помогне на пациентите кои се борат со рак на простата.

Мотоциклистите, дел од нив придружени и со претставнички на понежниот пол, ќе возат околу 15 километри, од Аердором преку центарот на градот, до населбата Влае.