ВМРО-ДПМНЕ СЕ РЕБРЕНДИРА СО НОВА ПОЛИТИЧКА СТРАТЕГИЈА „МАКЕДОНИЈА ЗА СИТЕ ЛУЃЕ“,

0
91

Македонија за сите луѓе“ е новата политичка стратегија светоглед со кој ќе дејствуваме, силата која ќе ги обедини сите искрени и чесни граѓани кои ја сакаат Македонија и животот го гледаат овде. Време е да зборуваме за иднината, да се крене земјава од оваа национална и економска девастација. Македонија на е на касти, клики и слоеви, туку на сите македонски граѓани, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид, на прославата на 31-от партиски роденден.

Во својот говор упати критики кон владејачката партија укажувајќи дека со новата стратегија на партијата младите ќе се задржуваат во земјата.Тој нагласи дека Македонија е многу повеќе од една или две партии, од една генерација или повеќе генерации политичари. Мицкоски кажа дека Македонија е заедничката покривка околу која сите се обединуваме.