ВО ДЕБАРСКО НАЈДЕНИ АЛБАНСКИ ДРЖАВЈАНИ БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА

0
22

Во неделата, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со полициски службеници од ОВР Дебар и ОВР Струга, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во објект во с.Селокуќи, сопственост на А.М.(44) од Дебар.

При претресот во објектот биле затекнати албанските државјани А.Ц. (36), И.М.(29) и Ф.Ц.(33), кои биле без документи и без пријавен престој. Ф.Ц. бил баран по потерница и од Основен кривичен суд Скопје му бил одреден притвор и ќе биде спроведен во истражен затвор. Исто така, било утврдено А.Ц.(36), лажно се претставил како Р.К. и исто така се барал со потерница за сторено кривично дело. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.