Донев до Георгиески: Одлично изорано градоначалниче, остана уште да се исфрезираат плажите и да посадиме охридски домати

0
20

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев, реагира на состојбата во која се наоѓаат плажите на Охридско Езеро после рушењето, и на само неколку дена пред почетокот на главната туристичка сезона.

Тој на Фејсбук напиша:

„Одлично изорано градоначалниче, остана уште да се исфрезираат плажите и да посадиме охридски домати. Ако некој може од феферони и корнишони да биде милионер, зошто не и охриѓани од домати… Жално но вистинито… ПатлиџанТуризам”, напиша Донев на Фејсбук.