Жител на Теарце се заканувал на новинари

0
23

Приведен e тетовец, кој на Фејсбук се заканувал на повеќе новинари.

Здружението на новинари на Македонија на 22 март годинава пријавило дека на социјалната мрежа „Фејсбук” пријавениот објавил текст со закани кон новинари од повеќе медиуми.

Полицијата поднесе кривична пријава против А.Е.(36) од селото Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”.