Започна изградба на водоводна мрежа за Камењане, Општина Боговиње

0
27

Заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска извршија увид во изградба на водоводна мрежа за Камењане, Општина Боговиње. Министерството за транспорт и врски средствата ги обезбеди од Европската инвестициона банка.

-Предвидено е да се реконструираат 13,5 километри водоводна мрежа и тоа 8,5 од првиот Синички извори и пет километри од вториот извор Бели води. Со овој проект ќе се обезбеди 20 литри во секунда што е доволно за потребни на седум илјади жители што живеат во Камењане. За овој проект обезбедени се 244 илјади евра, очекуваме да се заврши за девет месеци. Дополнително обезбедни средства за реконструкција на водовод за Палчиште, изјави Реџепи, заменик министер за транспорт и врск

Министерот за животна средина Насер Нуредини истакна дека соработка на Владата и Општина Боговиње ќе има и во иднина за други проект

-Големо ми е задоволството да бидам тука, особено како граѓанин на Општина Боговиње и конкретно на село Камењане. Ова е прашање и проблем со кое мештаните се соочува минатати неколку години. Ова покажува дека со соработка на централната власт и локалната самоуправа заедно работејќи ќе можат да реализираат проекти потребни за граѓаните. Ова е еден од неколкуте проекти кои ги започнуваме, ќе има и други села каде ќе работиме на проекти за снабдување со вода. Во следните месеци ќе работиме на проекти за отпадни води во Боговиње, Камењане како и другите села во наредните години, рече Насер Нуредин

Албон Џемаили градоначалник на Општина Боговиње потенцира дека  ова е значаен ден за нив како  општина исто така и за населено место Камењан

– Со ова ќе обезбедиме вода за пиење за населено место Камењане, исто така Светска банка добиени се 600 илјади евра за Палчиште. Како општина не застануваме тука, мислам дека ќе имаме добра соработка со минситерството за транспорт и врски ќе го решиме проблемот во Палчиште. Треба да изградиме еден централен базен каде што ќе се снабдуваат со вода сите населени места каде ќе има недостаток на вода, рече Албон Џемаили

 

извор: МИА