Во Скопје има 102 активни случаи, а 11 општини во моментов немаат активни случаи: Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Ресен, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево, Македонска Каменица и Дојран
Во последните 24 часа се направени 1 601 тестирање, а регистрирани се 3 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Сите три случаи се во Скопје.
Регистрирани се 15 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Прилеп, Битола и Кичево – по 2, Тетово, Неготино и Виница – по 1.
Пријавени се две починати лица: од Скопје (76г) и Куманово (75г). Двајцата пациенти починале во болнички услови.
Активни се 273 случаи
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 627, бројката на оздравени пациенти е 149 877, на починати е 5 477, а бројот на активни случаи изнесува 273.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 68 643, Активни 102
- Куманово 8 878, Активни 34
- Прилеп 8 326, Активни 24
- Тетово 7 241, Активни 23
- Битола 6 304, Активни 8
- Велес 5 472, Активни 4
- Гостивар 5 181, Активни 8
- Кавадарци 5 153, Активни 0
- Охрид 5016, Активни 14
- Штип 4 960, Активни 1
- Струмица 4 117, Активни 5
- Струга 2 981, Активни 1
- Кочани 2 792, Активни 3
- Кичево 2591, Активни 20
- Гевгелија 2 195, Активни 2
- Неготино 2 184, Активни 0
- Свети Николе 1 523, Активни 0
- Ресен 1 234, Активни 0
- Крива Паланка 1 226, Активни 6
- Радовиш 1 161, Активни 2
- Берово 1 029, Активни 0
- Делчево 973, Активни 1
- Дебар 941, Активни 1
- Виница 886, Активни 4
- Пробиштип 789, Активни 0
- Валандово 666, Активни 1
- Богданци 494, Активни 0
- Крушево 490, Активни 1
- Демир Хисар 400, Активни 3
- Демир Капија 396, Активни 0
- Кратово 377, Активни 4
- Македонски Брод 359, Активни 1
- Пехчево 268, Активни 0
- Македонска Каменица 249, Активни 0
- Дојран 132, Активни 0