ПРЕГАЗЕНИ ТРИ МАЛОЛЕТНИЧКИ НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИН ВО НЕГОТИНО

0
22

Три деца пешаци биле повредени синоќа во сообраќајна несреќа во Неготино. Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски денеска информира дека сообраќајката се случила околу 21 часот на главната улица „Маршал Тито”, во центарот на градот.

„Сообраќајната несреќа била помеѓу автомобил ‘фолксфаген поло’ со неготински регистарски таблички управуван од 35 годишен возач од едно неготинско село и три деца – пешаци. Децата биле однесени во болницата во Неготино каде им се констатирани повреди“, информира Додевски.