РУСИЈА ВОЗВРАТИ И ПРОТЕРА МАКЕДОНСКИ ДИПЛОМАТ

0
29

Еден месец по протерувањето на бнејзиниот дипломат од Скопје објави дека презела возвратна мерка протов еден вработен во македонската амбасада во Москва. Соопштението на руското министерство за надворешни работи го пренесува агензијата Риа новости. Според него, вршителката на должноста амбасадор, Оливера Чаушевска- Димовска, била повикана во министерството каде ѝ било кажано дека еден од вработените во амбасадата е прогласен за персона нон грата.

Амбасадата на Македонија во Москва е речиси празна, па не е јасно кој дипломат протерала Русија. Македонија воопшто нема амбасадор во Москва и таквата состојба трае од 2019 година кога си замина последниот амбасадор Гоце Карајанов. За иден амбасадор на Македонија во Москва беше именуван Ненад Колев, кој во моментот на именувањето беше актуeлен амбасадор на Македонија во Австрија и, како што стојат работите – не му се брза да си замине од Виена, иако има агреман да служи во друга држава.

Москва сметаше дека нема никаква основ за протерувањето на рускиот дипломат од Скопје. Претседателот Стево Пендаровски изјави дека „од она што го видов, случајот беше документиран од надлежните институции, не стануваше збор за импровизација“.